6 случаи на коронавирус се регистрирани на Балканот. Тројца заболени има во Хрватска, а по еден во Грција, Македонија и Романија. Секој од нив престојувал во Италија. Но засега починати нема. Во Хрватска, патниците кои утринава со траект од Италија допатуваа во Сплит, ги пречека санитарана инспекција и гранична полиција. Засилени конторли има и на копно.
И додека научниците тестираат вакцина, дел од Балканците велат дека против вирусот се борат со народна медицина.
Во Хрватска и понатаму главен проблем е дефицитот на маски, кои драстично поскапеа, а кои пред се им се неопходни на оние лица кои имаат здравтвени проблеми.
Но паника владее и во Словенија каде секојдневно се празнат полиците во дуќаните, иако досега во оваа земја нема заразени. Масовно се празнат продавниците и во Црна Гора. 184 лица во Подгорица, се под здравствен надзор, а пред Клиниката за инфективни болести поставени се шатори. Засилен надзор има на граничните премини со Србија.
Во Европа накритично е во Италија, каде има над 400 заболени. Во карантие е сместен и гувернерот на Ломбардија, откако е потврдено дека еден од неговите помошници е заразен. Коронавирусот се прошири во 40 земји во светот. До сега починаа 3000 луѓе, а заразени се 81 000. Први случаи регистрирани се и во Данска и Естонија, а Германија е на почеток на епидемија.