582 првачиња од Бутел утре ќе добијат ранче и прибор подарок од општината

Бутел, во пресрет на новата учебна година, обезбеди ранче и училишен прибор за сите првачиња во општината. 

-Соочувајќи се со енормните поскапувања, зголемите сметки и зголемните трошоци за живот Општина Бутел и јас како градоначалник одлучивме финансиски да ги помогнеме првачињата и пред се нивните родители. За таа цел 582 првачиња на 1 септември ќе добијат високо квалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор за непречен почеток на учебната година, информираше градоначалникот Дарко Костовски. 

Овој училишен пакет има за цел на родителите да им овозможи финансиско олеснување за кое би требало да издвојат околу 6000 денари. Покрај високо квалитетниот анатомски ранец овој пакет ќе содржи и тетратка за почетно пишување, бројна оска, помагало за броеви, блок, самолеплива колаж хартија, дрвени боички, фломастери, пластелин, моливи, тетратка, моливи, острилка и гумичка, информираа од општината. 

-Оваа година за прв пат од постоењето на Општина Бутел обезбедивме ранец и училишен прибор за секое прваче во нашите општински основни училишта. Со низа проекти ќе се обидеме да ги ублажиме ефектите од огромната финансиска криза во која се наоѓа Република Македонија, вети првиот човек на оваа скопска општина.