Често се чувствувате уморно и се прашувате зошто е тоа така? Можеби несвесно го саботирате својот организам, а не сте ни свесни за тоа.

Ова се 5 причини за тоа.

Не пиете доволно вода

Дури и благата дехидратација може да доведе до намалување на нивоата на енергија, расположение и когнитивните способности. Ова се резултатите од истражувањето спроведено на универзитетот Конектикат.  Било докажано дека дехидратацијата влијае негативно и тоа во голема мера.

Ги прескокнувате оброците

На нашето тело му е потребна постојана енергија во текот на денот, посебно за луѓето кои работат работи кои бараат големо умствено вложување. Енергијата ја добиваме од хранливите материи од храната која ја конзумираме, а кога не јадеме и ги прескокнуваме оброците, таа енергија додека се исцрпи, ние се чувствуваме летаргично.

Гледате во мобилниот или компјутерот пред спиење

Гледањето во екран пред спиење може да влијае негативно на лачењето мелатонин, хормонот кој е задолжен за добар сон. Тој е наречен и хормон на спиење и тој управува со нашиот биолошки часовник, а зголемено се лачи и во текот на ноќта. Со доаѓањето на утрото, тој се намалува и ние се будиме.

Јадете многу масна храна

Истражувањата покажуваат дека конзумирањето храна богата со маснотии може да доведе до поспаност во текот на денот и проблеми со концентрацијата. Од друга страна пак, храната богата со природни влакна има спротивен ефект. Затоа, избегнувајте мрсна, преработена и пржена храна.

Пиете алкохол пред спиење

Многу луѓе веруваат дека чаша или две пред спиење ќе им помогне добро да заспијат и иако тоа навистина е така, сепак тоа доведува до немирен и неквалитетен сон.

Алкохолот влијае негативно на тоа како се будиме, а и како функционираме во текот на денот. Затоа, избегнувајте го пред спиење и не се потпирајте на него за да ви помогне подобро да заспиете.