5 лоши навики кои ве прават непродуктивни

Без оглед на тоа колку обврски имаме во текот на денот, сепак мораме да се држиме до некаков план и распоред за да можеме успешно да ги завршиме сите планирани работи. Сепак, често имаме навики кои не одалечуваат од целта и не прават непродуктивни, а често не сме ни свесни за нив.

Премногу обврски

Често се нафаќаме на повеќе одошто можеме да завршиме и се соочуваме со ограничувања, стрес и нервоза. Не морате да ги прифаќате сите обврски доколку не можете да постигнете. Дајте си малку простор и за да дишете.

Управувани сте од технологијата

Наместо вие да ја управувате технологијата, дозволувате таа да ве управува вам. Постојано сте загледани во телефонот во сите нотификации кои пристигнуваат. Продуктивните луѓе не минуваат часови на Фејсбук и не дозволуваат известувањата и звуците од нивниот телефон да им пречат во извршувањето на обврските.

Немате план

Неуспехот да се направи план носи неуспех за секоја задача. Без план, не можете да постигнете многу бидејќи само експериментирате и си ја трошите енергијата. Пробајте да направите план и да видите колку полесно ќе ви оди извршувањето на обврските.

Недостаток на фокус

Постојаното префрлање од една работа на друга е сигурна формула за неуспех. Фокусираната личност поставува приоритети и се држи до нив.

Недоволно спиење

Мислите дека не ви е потребно многу спиење бидејќи сакате да ги завршите сите работи? Се лажете. Добриот и квалитетен сон е неопходен за секоја личност. Освен тоа, така ќе имате и повеќе енергија, концентрација и фокус во текот на денот.