Ништо нема да биде исто: Луѓето ќе ги променат овие навики по пандемијата со коронавирусот

Дури и кога ќе заврши пандемијата, многу луѓе ќе останат внимателни.

Ракување

Голем дел од луѓето уште долго време ќе го избегнуваат ракувањето. Тоа ќе ги промени социјалните норми кои постојат со векови и децении. Истото ќе се случи со прегратките, поздравувањето со бакнување и другите навики кои ги имаме.

Повеќе средства за дезинфекција

На јавните места, а и во нашите домови ќе има повеќе средства за дезинфекција на рацете.

Односот кон рестораните

Ручекот во рестораните па и доставата ќе бидат различни од она како што беа претходно. Џоан Монесинњеу, експерт за финансирање на рестораните истакнува дека дефинитивно се очекуваат промени на ова поле. На пример, може да се прошири доставата, а во рестораните сигурно ќе постојат појасни и видливи информации за мерките на хигиена.

Работа од дома

Голем дел од компаниите ќе се навикнат на работата од дома, па можеби ќе им дозволуваат на вработените да го прават тоа од својот дом. Кога тие ќе сфатат дека работата од дома е не само нужна, туку и продуктивна, тоа би можело да предизвика промена во различни аспекти од работењето.

Повеќе ќе се цени личниот простор

Социјалната дистанца е неопходна овој период, но можеби по пандемијата ќе бидеме и повнимателни во однос на тоа.

Повеќе ќе ги миеме рацете

Честото миење на рацете и тоа најмалку 20 секунди ќе премине во наша навика. Покрај тоа, повеќе ќе се користат различни дезинфекциски средства.

Повеќе ќе внимаваме на блиските

Ќе се грижиме повеќе за нив и нивната безбедност и здравје. Ќе станеме свесни колку е лесно да се изгуби личност која ни значи за многу брзо време. Веројатно  ќе станеме свесни и како нашите постапки влијаат на здравјето на другите луѓе.