40 милиони денари за реконструкција на полициските станици

40 милиони денари се предвидени за реконструкција на полициските станици, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција за клучните приоритети на МВР, низ призма на буџетот за 2018.

– Состојбата во полициските станици е загрижувачка. Полицајците работат во субстандардни услови кои негативно се одразуваат на нивното здравје. Токму затоа одвоени се 40.000.000, денари со кои во текот на следната година ќе бидат реконструирани и уредени полициските станици низ Република Македонија, рече Спасовски.

Во буџетот се обезбедени и повеќе од 570.000.000 денари со кои ќе се набави нова опрема за потребите на специјалните единици, како и обновување на дотраената опрема.

– Со овие средства ќе се подобри и постојната информатичка и телекомуникациска инфратструктура преку која службите ќе бидат во можност ефикасно и економично на одговорат на предизвиците, но и ќе можат квалитетно да ги извршуваат своите обврски. Тука акцентот е ставен на борбата против организираниот криминал и справувањето со тероризмот и насилниот екстремизам, дополни министерот Спасовски.