Во тек се реконструкции на десеттина регионални патишта во Македонија

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески нагласи дека преку програмата за инвестиционо одржување на патиштата со Македонија пат, во тек се реконструкции на десетина регионални патишта.

„За оваа година преку истата програма планирана е реконструкција на 29 регионални патишта со вкупна инвестиција од 467 милиони денари, средства што веќе се обезбедени од буџетот на Јаното претпријатие за државни патишта. Ова е дел од инвестицониот циклус што го најавивме со премиерот Заев, така што во следниот период ќе имаме силна градежна офанзива на патиштата низ државата“, изјави министерот за транспорт и врски.