Денеска во Велес приведено е едно лице кое се сомничи дека предизвикало пожар на градската депонија.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР) се работи за лицето А.М. на дваесет и тригодишна возраст од Скопје, кој имал привремен престој во Велес.
Во извештајот на МВР, се наведува дека А.М. е под сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. При извршениот преглед кај него биле пронајдени и одземени неколку предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Од МВР известуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок за лицето.