Куче искаса 25-годишник во Центар, каснати уште две лица во Скопје

Три лица вчера биле искасани од улични кучиња на подрачјето на Скопје. 

На 30.11.2023 во 14.10 часот во Полициската станица Центар, Р.Ѓ.(25) од Скопје пријавил дека на ул.„Орце Николов“ бил каснат од куче скитник.

На 30.11.2023 во 12.50 часот во Полициската станица Карпош, М.Џ.(89) од Скопје пријавил дека бил каснат од куче скитник.

На 30.11.2023 во 14.10 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ж.М.(64) од Скопје пријавил дека на ул.„Лука Геров“ бил каснат од куче скитник.