Сообраќајка во Скопје, тешко повреден возач на мопед

На 27.04.2024 во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“, управувано од Б.А.(29) од Скопје и мопед „хамачи“, управуван од И.Б.(45) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.