Тројца скопјани пријавиле каснувања од улични кучиња

Вчера попладне во 15.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, 54-годишниот С.К. од Скопје пријавил дека на улицата „Лука Геров“ бил каснат од куче скитник, извести МВР.

Полицијата информираше уште за два случаи на каснување од куче скитник во Скопје.

„На 01.02.2024 во 23.15 часот во Полициската станица Центар, Р.М.(39) од Скопје пријавил дека на кеј„13 Ноември“ во Скопје бил каснат од куче скитник. На 01.02.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Чаир, Г.С.(58) од Скопје пријавил дека на ул.„Радишанска“ бил каснат од куче скитник“, соопшти МВР.