Тројца скопјани каснати од кучиња скитници

По полиција вчера дури три лица пријавиле каснување од кучиња скитници на територија на Скопје.

Во населба Автокоманда, куче скитник каснал маж.

„На 07.11.2023 во 10.15 часот во Полициската станица Гази Баба, Л.М. од Скопје пријавил дека на ул.„Јани Лукровски“ бил каснат од куче скитник“.

Скопјанец бил мета на куче скитник и во Ѓорче Петров.

„На 07.11.2023 во 14.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ј.Н.(35) од Скопје пријавил дека на ул.„Александар Македонски“ бил каснат од куче скитник“.

Пеесет и шестгодишен скопјанец исто така бил каснат од куче скитник во Драчево.

„На 07.11.2023 во 20.00 часот во Полициската станица Драчево, Л.Ѓ.(56) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ бил каснат од куче скитник“, информираат од МВР.