Три лица вчера каснати од улични кучиња во Скопје

Три лица вчера биле каснати од улични кучиња на подрачјето на Скопје. 

На 27.11.2023 во 13.25 часот во Полициската станица Чаир, Р.Б.(69) од Скопје пријавил дека на ул.„Галичник“ бил каснат од куче скитник.

На 27.11.2023 во 15.45 часот во Полициската станица Гази Баба, М.Ѓ.В.(34) од Скопје пријавила дека во Парк шума Гази Баба била касната од куче скитник.

На 27.11.2023 во 12.40 часот во Полициската станица Карпош, В.Ј.(64) од Прилеп пријавила дека на ул.„Иван Цанкар“ била касната од куче скитник, информираа од полицијата.