Голема полициска акција во Скопје: Уапсени повеќе од 15 криминалци

Голема полициска акција се одвива утринава во Скопје, објави „Макфакс“.

Македонската полиција, засилена со специјалци, врши претреси на многу локации во Скопје, но и Битола и Ресен.

Во акцијата биле уапсени повеќе од 15 криминалци, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.