Судир меѓу две возила на „Цветан Димов“, скопјанец е тешко повреден

Скопјанец е тешко повреден во судрир меѓу две возила на една скопска улица. 

- На 30.04.2024 во 12.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“, управувано од Ј.Р.(51) од Скопје и патничко возило „фолксваген“, управувано од Б.Р.(67) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Р., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираа од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.