Пожар во концертна сала на Факултетот за музичка уметност „Илија Николовски-Луј“

МВР извести дека вчера во 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во концертна сала на Факултетот за музичка уметност „Илија Николовски-Луј“ во Скопје.

Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, додаваат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.