Зошто некои луѓе се злобни, а некои се добри?

Како поединци, некои се програмирани да бидат добри, додека пак некои стануваат злобни и себични, а научниците ова и официјално го докажаа преку математички модел кој може да ја објасни еволуцијата на човековата личност.

Една група научници од Универзитетот Егзтер развиле математички модел за да истражи зошто некои поединци се алтруисти и генерално позитивно настроени кон другите луѓе, додека некои се посклони кон егоизам, манипулации и однесување кое го карактеризираме како „злобно“ и „лошо“.

Веќе подолго време биолозиите ја користат теоријата на родната селекција за да објаснат како некои животни присвојуваат алтруистично однесување на своја штета. На пример, пчелите го ризикуваат сопствениот живот само за да и помогнат на својата матица.

Сепак, таа теорија не успева да ја објасни улогата на генетскиот полиморфизам, кој ја поттикнува различноста во склоп на одредена популација. Истовремено и не објаснува зошто изгледа дека некои единки се програмирани цел живот да им помагаат на другите и живеат покрај другите кои без проблем ја искористуват нивната великодушност и добрина. За своите истражувања, научниците користеле микроби кои живеат во колонии.

Врз основа на тој модел, откриле дека однесувањето на поединецот може да развие одредени наследни генетски склоности. На пример, нивното однесување може да се предвиди врз основа на нивниот однос кон другите членови на заедницата и кон својата околина, наместо тоа однесување да биде директен одговор на тоа како се чувствуваат или што искусуваат.

Доктор Саша Дал, авторот на ова истражување, изјавил: „Тоа значи дека количината на труд која поединците ја вложуваат во „јавното добро“ е строго генетски одредена.“

Тој исто така објаснил дека кај луѓето ова однесување е пофлексибилно, но дека е во основа е генетски одредено исо како и кај другите видови.

cheap nike air max 90