ЗНАМ ги соопшти кандидатите за министри во новата влада

Игор Филков, роден во 1979 година, е кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за министер за правда, а Горан Минчев (1972) е кандидат за министер за администрација.

Имињата за членови на новата влада од партијата на Максим Димитриевски беа утврдени на седница на партискиот Централен одбор вчеравечер, а потоа на прес-конференција ги соопшти Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ.

Од ЗНАМ дополнително ќе ги соопштат имињата на замениците министри и на директорите кои им се доделени во коалициските договори.