ЖРК Вардар го доби посакуваниот противник за финале на ракометната Лига на шампиони

Вардарки го добија посакуваниот противник во полуфиналниот натпревар во рамките на ракометната Лига на шампиони.

ЦСМ Букурешт е веројатно најслабиот противник во конкуренција на вкупно 3 екипи на ждребката која денес се одржа во Будимпешта. Главниот град на Унгарија исто така ќе биде и домаќин на завршниот фанл-фор турнир.

Оваа сезона Вардар ќе игра по трет пат со романската екипа, а како засега стојата работите, нашите девојки се фаворити. Во јануари, во Скопје, Варадр ја победи екипата на Букурешт со 22:21, додека на гостувањето во Романија победија со 5 голови разлика, односно 25:30.

Второто полуфинале ќе ги собере екипите на црногорска Будуќност и унгарскиот Ѓер.
Финалето на Лигата на шампионки е закажано за 7 мај и ќе се одржи во Будимпешта.