Жичницата на Водно ќе работи за Голема Богородица

Жичницата на Водно во вторник (28 август) ќе работи со вообичаено работно време и покрај тоа што станува збор за последен вторник во месецот, кога се врши редовен сервис на објектот. Сервисот на жичницата ќе се извирши наредниот ден кога ќе биде затворена и нема да работи.

– Во случајов, ЈСП Скопје одлучи позитивно да одговори на барањето на поголем број граѓани кои деновиве иницираа жичницата на посочениот ден да работи имајќи во предвид дека е неработен ден (верски празник) за поголем број граѓани и извесно е дека дел од нив планираат очекуваното сончево време да го минат на падините на Водн – информираат од ЈСП Скопје.

Автобусите на линија 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) ќе возат по неделен возен ред, а превозот за сите патници ќе биде бесплатен согласно одлуката на Советот на Град Скопје за бесплатен превоз во недела на посочените линии за сите категории на патници.