Се бара нова стартна локација за жичницата

Едно од трајните решенија за сообраќајниот метеж на Водно е изградбата на вториот дел на жичницата од градот до средно Водно. Во моментов, како што посочи градоначалникот Петре Шилегов, има технички проблем бидејќи трасата не смее да поминува над објекти.

Се бара и нова почетна станица бидејќи претходно предвидена од Детскаат клиника Козле освен што нема добар пат до неа, наместо да се лечат децата ќе се создава метеж и граѓаните ќе одат со возило до таму.