Одлучна, упорна, доследна, реалистична, стабилна и бескомпромисна. Таква е жената родена во знакот Бик. Оваа жена е многу тврдоглава, одговорна, грижлива за оние кои ги сака, способна, силна, заводлива и фокусирана.

Сепак, нејзината најголема сила лежи во две карактеристики: чувствителност и трпеливост.

Жената Бик е мирна, но тоа не значи дека со неа може да се манипулира. Ако некој се обиде да ја тестира, дури тогаш ќе го запознае нејзиниот огнен темперамент. Сепак, таа избегнува да го покажува таквиот темперамент насекаде и во животот тежнее кон рамнотежа и сигурност.

Ја сака природата и највеќе од се, сака да живее во удобно и разнобојно окружување. Оваа жена не е авантурист и нема да ризикува поради што и не знае најдобро да се носи со наглите промени. Подобро функционира во рутина и едноличност, поради што никогаш не тежнее кон големи промени во нејзиниот живот, освен ако самите не се предизвикани.

Жената родена во овој знак е една од најпредадените жени во хороскопот. Таа никогаш не изневерува и во потполност е предадена на својот партнер. Кога сака, секогаш е сигурна дека го направила вистинскиот избор. Ако еднаш се врзе за некоја личност, тоа е засекогаш. Мажот кој сака да ја освои оваа жена треба да биде подготвен на долго додворување бидејќи тоа е патот до срцето на оваа жена.

Во пријателствата, таа е најлојалниот пријател кој останува до вас до крајот на животот. Сите пријателства ги сфаќа сериозно и ги негува и им останува лојална. За возврат, очекува еднаква лојалност. На оваа жена не и е потребна огромна група пријатели, туку таа го цени квалитетот повеќе од квантитетот. Луѓето кои тоа не го сфаќаат ќе бидат игнорирани од неа и таа нема да се обиде да започне кавга со нив.

Најголемиот број жени родени во знакот Бик можат да се пофалат со одличен став и изглед, па дури и во подоцнежните години овие жени изгледаат младолико, свежо и силно.