Земи си со себе приказна од Скопје

Што дознавте за Скопје? Што ќе понесете од Скопје? По што ќе го паметите Скопје?

Секој град не го чинат само неговите градби и улици, туку многу повеќе безбројните приказни раскажани од неговата историја и минато. „Storytelling Skopje“ одбра 16 такви кои ќе ве научат, зачудат или насмејат, но нема да ве остават рамнодушни (во никој случај). Ќе ве направат гладни за уште слични сведочења и ќе ве натерат да барате Storytelling приказни каде и да одите како турист низ светот.

Која е врската на Чарли Чаплин и Марлен Дитрих со Скопје? Каде поминува и до каде оди „патот на памукот“? Која била и како завршила автентичната скопска Атлантида? Колку трагична, но и романтична знаела да биде љубовта во Скопје? Што рекол Пикасо при предавање на својата слика како подарок за настраданото население во земјотресот во Скопје? Кој е сценарист на филмот за Александар Македонски на Universal Pictures? Кога Скопје пропуштило шанса да биде Виена на Балканот? Кои славни личности минале низ Скопје и кои се нивните импресии? Кој ја најави својата светска шампионска титула во Скопје? Како во Скопје се дочекуваат шампионите? Каков всушност е животот на овие простори и која е врската со стариот Скопски театар? Како се живеело и како се живее во Скопје?

Одговорите на сите овие прашања побарајте ги на „Storytelling Skopje“ производите.Тие се неверојатни, возбудливи, љубовни, фасцинирачки и шокантни настани пренесени на разгледници, постери, магнети и маици кои кога ќе ги погледнете ќе се присетите на секое место и на секој момент поминат во Скопје.

Земете си со вас една приказна,за долг спомен од нашиот град.

За повеќе информации околу „Storytelling Skopje“ можете да ја посетите нивната веб страна http://storytellingskopje.com/ како и на facebook.