Зелен хуман град: Се планира сечење на над 100 дрвја во Аеродром

Од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ алармираат дека надлежните планираат сечење на голема количина на зеленило во скопски Аеродром. 

-Обележани се за сечење над 100 дрвја во Аеродром кај Воен базен за проширување на улица, ни испратија порака жители на Аеродром. Бетонизацијата на градот е во полн ек и се создаваат услови за сè поголемо загадување. Температурите во лето стануваат сè понеподносливи и младите дрвца што ги садат не успеваат. Ова не смее да се дозволи, порачаа од ЗХГ.