„Здраво маче, еј, ти треба превоз“...Излегов дотерана и почнаа дофрлувањата - се почуствував непријатно

Се договорив со другарката да ме собере со автомобилот од главна улица. Така дотерана спремна за забава застанав на тротоарот. Го извадив телефонот и почнав да чепкам по него. На себе имав скромно фустанче до колена и високи потпетици. Кренав глава во еден момент така чекајќи и забележав како еден тип кој стоеше на семафори почна да зјапа во мене веднаш го тргнав погледот. За кратко како се пушти семафорот почнаа свирките и дофрлувањата од автомобилите:

Здраво маче, еј да не ти треба превоз? Друг свирка, трет мавта си велам во себе што ќе беше ако се облеков во нешто пократко и постегнато, човек да не може слободно да се чуствува, жена да не може да се дотера...Ајде Кате каде си спасувај од довикувачиве. Одамна вака непријатно не се имам почуствувано, тие 5 минути додека чекав ми се чинеа како да беа вечност.. Убаво е што во некои земји има казни..

Пример Франција воведе нов закон со кој 750 евра ќе биде паричната казна за оние кои свиркаат или дофрлуваат по жени на улиците.

Ваквиот закон е донесен со цел да се спречи сексуалното вознемирување врз жените и некултурното однесување. Казните се наплаќаат на лице место.