Новинарката Вики Ристоска Чадикоска со фејсбук статус посветен на жените по повод Меѓународниот ден на жените - 8 Март!
За изгледот, правата, можностите и домашните обврски...
Ви ја пренесуваме во целост нејзината објава:
Вози како жена!
Види ја како се облекува!
Имала многу мажи!
Многу се здебелила!
Сè додека не пресретнуваат вакви изјави, жените нема да бидат рамноправни со мажите.
И во 21 век сè уште се бориме со дискриминација, која не можат да ја забележат мажите, ама често и жените.
Дискриминацијата на жените во општеството, јавниот говор, медиумите, стануваат нормалност. Тоа значи дека битката за рамноправност не е завршена.
Жените не мора да бидат убави, за да бидат успешни, а нивниот успех да биде препознаен и прифатен. Вештините не зависат од изгледот.
Жените имаат свои права и тие треба да се почитуваат без исклучок
Жените можат да бидат гласни.
Жените може да бидат дебели или слаби. Жените може да се облекуваат како сакаат. Тие одлуки се нивен избор кој е личен и треба да се почитува.
Жените се важни за економиите, затоа треба да добијат права на еднаква плата и можност за напредување во кариера.
Жените можат да бидат независни.
Пораките дека женски работи се чистење, пеглање, готвење … треба да сопрат. Тие се домашни активности кои рамноправно треба да ги извршуваат сите членови на семејството.
И жените имаат потреба да бидат социјални битија. Тоа е нивно право кое мора да се прифати и почитува.
Да ги научиме правата на жените и да ги почитуваме. Затоа што сè уште има жени кои се жртви на насилство. Затоа што сè уште има дилеми дал свиркањето по улица или довикувањето: еј убавице е насилство. Да, тоа е вербално насилство.
Жените не се предмети и секој обид да бидат така третирани е објективизација на жената.
Среќен Осми март. Битката за женските права уште трае!