Зборовите можат да нè излажат, но интуицијата никогаш

Колку често сме се прелажувале самите себеси кога ќе сме одлучеле да ја игнорираме интуицијатата? Одговорот е: Речиси секогаш!

Колку пати ќе запознаеме некого и интуицијата ни вели дека не треба да ѝ веруваме на таа личност, и ќе одлучиме да дадеме шанса бидејќи зборуваат убаво и паѓаме на нивниот шарм и слаткоречивост, само за на крај да видиме дека нашата интуиција била во право?

Луѓе сме, па затоа е и природно да „паѓаме“ на убави зборови, но тоа не значи ништо доколку тие убави зборови не се поткрепени со дела и доколку тие убави зборови излезат дека се само обична лага.

Затоа, внимавајте кому верувате, секој човек оддава енергија која нашата интуција добро ја чита и препознава, па ни дава знаци. Никогаш не го игнорирајте тоа чувство во стомакот кога се запознавате со луѓе, тоа чувство речиси никогаш не греши.

Убавите зборови се убави, но тие се само тоа – зборови. Можат многу лесно да бидат прекршени, извртени и да служат за да нè прелажат. 

Но, нашата интуиција е тука за да нè заштити од болка. Затоа, никогаш не ја игнорирајте и секогаш потпирајте се на неа! Така ќе избегнете многу болка и страдање!