Зошто не смеете да ја игнорирате вашата интуиција?

Интуцијата е она чувство од кое никако не можете да се ослободите. И речиси секогаш е во право. Доброто или лошото чувство во желудникот исто така е поврзан со интуцијата.

Тоа „чувство од стомакот“ е интуиција или внатрешната мудрост која луѓето многу често ја игнорираат. Таа се појавува како претчувство, инспирација, телепатија, пријатно или непријатно чувство во стомакот, сон, случајност, мирис, вкус, итн.

Иако се раѓаме со интуицијата, таа може да се развие на неколку начини.

Слушајте во тишина

За почеток, побарајте помош од сопствената интуиција, пронајдете место каде што ќе се чувствувате потполно опуштено, место каде ништо нема да ви пречи. Сместете се удобно, дишете длабоко и игнорирајте ја навалата од неважни мисли. Само концентрирајте се на дишењето и кога ќе почувствувате потполн мир, запрашајте се: „Што може да ми помогне да го решам овој проблем?’

Почувствувајте ја енергијата на луѓето околу вас

Инутицијата ќе ви помогне да се опкружите со квалитетни луѓе. Запрашајте ја сопствената интуиција да ви каже кој ви дава енергија, а кој ви ја црпи енергијата. Немојте премногу да анализирате кога ќе ја добиете интуитивната порака. Првото чувство обично секогаш е во право.

Поврзете ја интуицијата со соништата

Пред спиење поставете си одредено прашање, на пример: „Дали е ова добра работа за мене?“ Наутро лежете неколку минути и обидете се да се сетите што сте сонувале. Потоа запишете го сонот и можеби ќе го добиете одговорот. Ако не успеете обидете се одново.