Зависноста од социјалните мрежи во Македонија е се поголема- станува сериозен проблем

Речиси секој  човек во Македонија користи социјални мрежи, како Фејсбук, Твитер или пак Инстаграм. Овие медиуми предизвикуваат и зависност. Тоа уште еднаш го потврдуваат најновите истражувања.

Зависноста се зголемува со новите смартфони и таблеткомпјутери, кои овозможуваат онлајн на секое место и во секој дел од денот. Праќање пораки, одговарање на коментари, следење, поврзување - благодарение на мобилната техника се’ повеќе луѓе се’ почесто се на Фејсбук и Твитер додека се движат.

Граѓаните прашани по колку пати во денот се вклучуваат на социјалните мрежи, даваат различни одговори. Некои велат: „24 часа“, други: „Можам да бидам до десет пати дневно“, а трети пак минуваат помалку време: „Меѓу четири и шест пати“.

Во Велика Британија зависноста од социјалните медиуми се смета за болест. Во клиника во Лондон психијатарот Ричард Грахам секоја година третира по околу 100 зависници - од деца до 35-годишници.

-Зависниците од социјалните мрежи почнуваат да пропуштаат или да одбиваат да прават неопходни работи во животот, дури и на основното ниво за грижа за себе. Тие го одложуваат јадењето или одбиваат да јадат и пијат, го одложуваат спиењето, пропуштаат средби и одложуваат одење на работа или училиште“, велат психолозите.