Голем број од родителите ги затвораат очите кога децата ќе им станат проблематични, и постојано се служат со изговори дека затоа виновно е друштвото и времето во кое живеат.

Смислуваат оправдувања само за да не би прифатиле одговорност за сопствниот неуспех на најважното поле во живото.

Заради бројните оправдувања на родителите ви пренесуваме едно писмо на загрижена мајка, која ќе ве наведе да ја прифатите одговорноста и да сфатите дека децата се нашиот одраз во огледало.

Каде сте родители додека децата ви умираат?

Не ја кривам младоста, ниту младите луѓе тргнувам од себе си - сите кои сме родители треба да се запрашаме каде ние е детето сега во овој момент? Истото прашање треба да си го поствиме и утре и задутре и за година, две, пет....

Како е возможно детето јавно на Фејсбук да се фали дека зима дрога, а вие тоа не го знаете? Каде сте во која дупка сте се скриле??? Од кого бегате зошто ги криете проблемите ако постојат зошто не стоите до вашите деца рамо до рамо. На децата им треба љубов, партнерство, поддршка...

Многу работите и се борите за егзистенција? Ма немојте само тоа да ми го кажете! И јас работам верувам повеќе од вас, не ни можете да претпоставите  како е 15 години да се биде самохран родител и притоа да израснеш момче  здраво спремно за живот.

Јас со мојот син разговарам од моментот кога се роди. Проблемите не ги буткавме во земја како да не постојат. Проблемите постојат за да се решаваат, бидејќи нема да исчезнат ако некаде ги бутнеме или закопаме. Ќе се вратат како бумеранг дупло потешки дупло поболни. Душата ми плаче за вашите деца. Оваа земја и онака е тажна, без многу шанси и можности за нив. Зошто им ја одзимате шансата за живот. Пробудете се родители, пробудете се! Држете ги своите деца цврсто да не ги одземе злото.

Правете го тоа постојано и на 5, 7, 21 или 27 години..

Само покарј вас ќе имаат подобра шанси за божиојт дар наречен живот.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.