Затвореник им избегал на полицајците додека го носеле до затворот во Куманово

Затвореник избегал од полицијата при спровод од ОВР Неготино до Казнено – поправната установа Затвор Куманово.

- На 28.03.2024 околу 19.45 часот, при спровод на Р.Џ.(26) од Штип, лице лишено од слобода, од ОВР Неготино до Казнено – поправната установа Затвор Куманово, полициските службеници кои го спроведувале го запреле возилото на бензинска пумпа пред патарината во Куманово, по што Р.Џ. се дал во бегство, информираат од МВР. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.