ЗАТВОРЕНИ УЛИЦИ: Избегнувајте возење кон центарот на Скопје

Ревијалната трка „Вози право, вози здраво“ по улиците на Скопје ќе се одржи во денеска од 12 часот. Целта е подигнување на свеста за позитивните ефекти од користењето на чисти транспортни средства. 

Поради трката ќе биде воспоставен и посебен сообраќаен режим долж патеката во центарот на Скопје. 

На ревијалната трка ќе учествуваат повеќе од 2.000 граѓани.

Со цел обезбедување на максимална заштита на учесниците, согласно законските прописи во сабота, на 20.10.2016 од 11 до 13 часот ќе биде воспоставен и посебен сообраќаен режим долж патеката за ревијалната трка во центарот на Скопје (од Порта Македонија до Градски парк преку Димитрије Чуповски, Даме Груев и Илинденска).