Заталкано зрно завршило во автомобил на скопјанка

32-годишна скопјанка пријавила дека во нејзиното возило завршило заталкано зрно.

Синоќа во 20.30 часот во СВР Скопје, М.Д.(32) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Чаир од заталкано зрно било оштетено предното ветробранско стакло од нејзиното патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки.

Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.