Гром удри во авионот на македонските одбојкари

Враќањето на македонските одбојкари кои учествуваа на турнир од Европската златна лига во Белгија е пролонгирано, бидејќи вчера гром удрил во авионот за време на летот од Цирих за Скопје, по што пилотот решил да се врати назад во Цирих. 

Одбојкарите се очекува денес наутро со нов лет да се вратат за Скопје. 

Случката ја потврдил капитенот на македонската сениорска одбојкарска репрезентација Никола Ѓоргиев за „Екипа“ кој изјавил дека додека летале со авионот удрил гром по што пилотот решил да се врати во Цирих.

„Додека летавме со авионот удри гром во него и пилотот реши да се врати во Цирих. Не беше пријатно, видовме силна светлина во непосредна близина“, вели за „Екипа“ капитенот Никола Ѓоргиев.