Во засилена полициска акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија, вчера се санкционирани 328 возачи на мотоцикли.
Од нив, 230 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 47 возеле без возачка дозвола, седум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, соопшти МВР.