Започнува нов циклус посети на месните и урбаните заедници во Општина Кисела Вода

Нов циклус посети на месните и урбаните заедници во општина Кисела Вода, започнува градоначалникот на Oпштина Кисела Вода, Филип Темелковски, претседателот на Советот, секретарот на Општината и раководителите на сите сектори во Oпштината.

Согласно предвидениот распоред, ќе бидат посетени сите месни и урбани заедници и во рамки на средбите жителите ќе можат да ги презентираат проблемите кои се под ингеренции на локалната самоуправа, како би можело навремено да се интервенира за нивно решавање.Воедно, токму во овој период, пред изготвувањето на предлог Буџетот за 2019 година, ќе може и да се дискутира околу идеите и предлозите и барањата што ги имаат во врска со подобрување на условите во кои живеат.

Распоредот на средбите со граѓаните е следниот:

УЗ ПРЖИНО       (четврток) 25.10.2018,    18:00 часот, УЗ ПРЖИНО

УЗ ЦРНИЧЕ         (четврток) 25.10.2018     19:00 часот, УЗ ЦРНИЧЕ

 УЗ 11 ОКТОМВРИ-БАРАКИ (петок) 26.10.2018   18:00 часот, УЗ 11 ОКТОМВРИ-БАРАКИ

 УЗ11 ОКТОМВРИ-ЗГРАДИ (петок) 26.10.2018   19:00 часот,  УЗ11 ОКТОМВРИ-ЗГРАДИ

УЗ КИСЕЛА ВОДА (понеделник) 29.10.2018   18:00 часот, ОУ КРУМЕ КЕПЕСКИ

УЗ РАСАДНИК   (понеделник) 29.10.2018   19:00 часот, УЗ РАСАДНИК

УЗ ЦВЕТАН ДИМОВ        (вторник) 30.10.2018   18:00, БАРАКА 7 ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

УЗ БИРАРИЈА     (вторник) 30.10.2018   19:00, БАРАКА 7 ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

МЗ СЕЛО ДРАЧЕВО        (среда) 31.10.2018   18:00, ОУ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

УЗ НАСЕЛБА ДРАЧЕВО  (среда) 31.10.2018   19:00, УЗ НАСЕЛБА ДРАЧЕВО

МЗ ПРИПОР       (четврток) 01.11.2018   18:00, МЗ ПРИПОР

МЗ УСЈЕ              (четврток) 01.11.2018   19:00, МЗ УСЈЕ

МЗ ПОДСТАНИЦА (петок) 02.11.2018   18:00, МЗ ПОДСТАНИЦА

МЗ ПИНТИЈА     (петок) 02.11.2018   19:00, МЗ ПИНТИЈА