Започнаа акциите за чистење на паркот „Гази Баба“

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска почнаа со акција за чистење на паркот „Гази Баба“.

Чистењето на паркот од смет и отпадоци ќе се одвива и во наредните денови, а ќе биде опфатена целата парковска површина.