Започна скринингот на населението во Македонија

Прво во Скопје, а потоа и на цела територија на Македонија ќе се одвива бесплатен скрининг на имунолошката состојба на населението во земјава. 

Од Институтот за имунологија велат дека целта е да се види за колку е зголемен имунитетот стекнат со прележување или со вакцинација за една година бидејќи минатогодишната студија направена пред почетокот на вакцинацијата на ист примерок и исти локации покажа дека само 30 проценти од граѓаните имаат имунитет.

Притоа, нема да се откриваат однапред локациите каде ќе се одвива тестирањето, со цел да се изведе целиот процес на што потранспарентен начин и да се добијат точни резултати.