Заблуди за хороскопските знаци во кои верувате

 

Ако верувате во тоа дека секој од хороскопските знаци има свои карактеристики, можеби е време да се запрашате дали сте во право

Постојат многу предрасуди за хороскопските знаци. Ќе ве изненади вистинската страна на секој од нив!.

Овен – груб и агресивен

За луѓето родени во знакот овен постои фама дека имаат неконтролирани напади на бес и импулсивни изливи. Вистината е дека им недостасува малку трпение и дека лесно избувнуваат. Но, брзо се враќаат во нормала, па во суштина многу е пријатно да се биде во нивно друштво. 

Бик – тврдоглав и мрзелив

Овој земјен знак е еден од најстабилните знаци. Вкоренети се во реалноста и во материјалниот свет. Биковите се верни на сопствените уберувања па се карактеризираат како тврдоглави. Но, тие многу ја ценат рамнотежата меѓу работата и приватниот живот. Ефикасни работници се, но не се туркаат во првите редови, па околината ги доживува како мрзеливи.

Близнаци – лицемерни

Погрешниот впечаток за оние кои се родени во знакот близнаци дека се дволични луѓе кои се добри со сите потекнува од тоа што тие се многу дружељубиви. Близнаците се вешти кога е во прашање одржување врска со другите луѓе. Интелигентни се и љубопитни, но и приспособливи. Тие брзо размислуваат и лесно прифаќаат промени. 

Рак – крал на драмата

Луѓето родени во знакот рак се многу емотивни и светот околу себе го доживуваат многу интензивно. Сколони се кон повлекување во себе и често делуваат нерасположено, но нивната чувствителност ги прави емпатични и љубезни во комуникацијата со другите луѓе. 

Лав – егоцентрик

Лавовите се сметаат за многу егоцентрични и горди. Сепак, тие се шармантни и пожртвувани. Зрачат со топлина која ги привлекува луѓето и може да бидат многу широкогради. Познати се по својата верност и по  заштитничкиот однос кон своите пријатели и кон семејството. 

Девица – остар критичар

Во знакот девица се раѓаат луѓе кои се одликуваат со перфекционизам и ориентираност кон деталите. Тоа ги прави големи критичари – мета на нивните коментари се нивните блиски луѓе, а зад нивниот перфекционизам се кријат добри намери и желба да ги направат среќни луѓето околу себе.

Вага - неодлучен дипломат

Неодлучноста е карактерна особина која се поврзува со луѓето родени во знакот вага. Вагата не носи брзи одлуки, склона е кон мерење и премерување на работите. Делуваат дипломатски и ладнокрвно, но подготвени се да ги направат среќни луѓето околу себе. 

Шкорпија – одмаздољубива

Шкорпиите се доживуваат како интензивни, мрачни и одмаздољубиви. Се смета дека се злопамтила кои не опростуваат лесно. Тоа не е во потполност точно. Шкорпиите се многу интелигентни и можат да бидат верни пријатели ако ја стекнете нивната доверба.  

Стрелец – непредвидлив

Родените во знакот стрелец се сметаат за авантуристи кои не ги држи место. Но, тие не се толку неодговорни. Многу се мотивирани и важно им е да бидат среќни трагајќи по вистинските вредности.

Јарец – досаден работник

Овој знак важи за амбициозен, претерано фокусиран на работата и знак кој доследно се придржува на правилата. Бидејќи го цени редот и дисциплината, луѓето го доживуваат како промислен. Јарците сакаат да преземаат нови одговорности и да напредуваат. Во друштво со вистински пријатели ја откриваат својата забавна страна.

Водолија – дистанцирана и резервирана

Прагматичните и напредни водолии се интроспективни, свртени кон внатрешниот свет. Бидејќи сакаат да и придаваат поголемо внимание на својата рационална страна, нивната емотивност останува сокриена. Сепак, тие се грижливи и лојални, верни и интересни.

Риби – сонувачи кои бегаат од реалноста

Луѓето родени во знакот риби делуваат како да живеат во сопствен свет и како да имаат проблем со приспособувањето на вистинскиот живот. Вистината е дека тие се емотивни сонувачи во свој сопствен свет, но се доста заинтересирани и за светото околу себе.