За закана по живот на малолетник никој не те рецка - Револиран скопјанец го сподели своето искуство со полицијата

Револтиран скопјанец го сподели своето негативно искуство со полициската станица во Драчево каде се обидел да пријави закана по живот. 

Извесен Дејан Ристески вчера вечер раскажа што се случило: 

- Пред половина час пријавив во ПС Драчево закана по живот на мојата малолетна ќерка, "ќерка ти ќе ја најдеш мртва". Жената или девојката што ми се јави на телефон ме замоли да дојдам во полициска станица бидејќи нејзините колеги биле зафатени. Ок! Отидов во ПС Драчево и видов како десетина полицајци си се шетаат по ходници или си дремат по канцеларии. Ок, може за тоа се платени! Жената му спомна на еден полицаец да ми земе изјава... "нека чека" вика полицаецот и си се шлае по ходник. Значи, они се должни по пријава да дојдат кај мене, а не јас кај нив. Иако јас им направив услуга и отидов кај нив никој не ме ферма. ЗА ЗАКАНА ПО ЖИВОТ НА МАЛОЛЕТНИК никој не те рецка. Почекав триесет и повеќе минути и си отидов. Значи, полицијата не ја интересира ЗАКАНА ПО ЖИВОТ... ми дадоа до знаење дека изгледа треба нешто да се случи па после да дојдат. Јас, лично заклучувам од ова дека ние немаме полиција која ги штити граѓаните. Имаме изгледа полиција која ги штити криминалците. Растур система! Ова што ми се случи ми кажува само едно: господ да не чува затоа што очигледно полиција која го штити народот, немаме! Инаку живеам на 200 метри од ПС Драчево, порача тој на својот фејсбук профил.