Доктор Нико Беќаровски со поента на фејсбук за Скопје, за она што некогаш беше градот, а што е сега.
- Со копје врз Скопје! Кога на еден град ќе му ги срушите и запалите култните места, тој станува обезличена градска спална соба за неговите староседелци и дизнилендска атракција за новите доселеници... пишува доктор Беќаровски.
Тој ги наброја и култните места во градот кои, за жал, денес не постојат:
МОЕТО СКОПЈЕ 1990 - 2024
1. Скопски Саем -срушен
2. Хотел Панорама -срушен
3. Олимписко село - срушено
4. Езеро Треска - уништено
5. Универзална сала - изгорена
6. Железничка станица - руинирана
7. Охис - затворен
8. Треска - изгорена
9. Алумина - затворена
10. МЗТ - затворен
11. Годел - затворен
12. Газела - затворена
13. Стаклара - разрушена
14. Хемтекс - затворен
15. Благој Давков - затворен
16. Железара - распарчена
17. ФАС 11. Октомври - затворен
18. ФАКОМ - затворен
19. Раде Кончар - десеткуван
20. Млекара Скопје - затворена
21. ЗИК Скопско поле - разграбано
22. ГТЦ - полуруиниран
23. Македонија Спорт - опљачкана
24. Славија - опљачкана
25. Центро - опљачкан
26. Зем промет - опљачкан
27. Технометал - опљачкан
28. Стоковна куќа Беко - срушена
29. Ванила - опљачкана
30. Четири затворени градски библиотеки
За жал можам да набројувам до сто, порача познатиот доктор.