За време на зимскиот распуст реконструкција на училишта во Бутел

Деновиве, за време на училишниот распуст, во ОУ ,,Ацо Шопов,, во населба Радишани владее работна атмосфера.

Имено, до почетокот на второто полугодие ќе бидат заменети вкупно 26 врати. Најголемиот дел, 18 врати ќе бидат за училници, 4 врати и два прозори за соблекувалните во фискултурната сала, две врати за вецеата во соблекувалните, две влезни врати во топлиот ходник, кој ќе добие и нови подни плочки.

Во овие активности ќе се вклучи и Општина Бутел со комплетно молерисување на споменатите простории и ставање на нови плочки на ѕидовите околу водените јазли во училниците.

Исто така се реновира целиот втор кат на ОУ „Петар Здравковски-Пенко“ во населбата Скопје-Север. Се врши замена на старите и дотраени врати од вкупно 22 училници и кабинети. 

Нова пешачка патека доби училиштето „Св. Климент Охридски“ во населбата Бутел 1.