За шест месеци вдомени повеќе од 70 улични кучиња

Само преку ЈП Лајка во изминатите шест месеци успешно се вдомени 74 кучиња, пишува Слободен печат. 

Во истиот период вкупно 399 кучиња биле заловени од јавните површини, 223 од нив биле вратени на истите места откако им биле извршени сите потребни прегледи и биле стерилизирани или кастрирани. 

Притоа, 74 улични кучиња си нашле дом и нови сопственици, а 20 биле изгубени, а потоа вратени кај своите сопственици. 

Сепак, во оваа работа има и тажни моменти, па се случувало и неколку кучиња да починат или да мора да бидат „успани“.