За пријателите на кои ќе им помогнеме да прогледаат, а кои потоа ќе видат сѐ освен нас

Вторник навечер, потонат си во својата омилена книга. Напорен ден, навистина напорен ден, но телефонот заѕвонува. Од другата страна, тивок тажен глас. Најдобриот пријател сака да зборува со тебе. И, додека да заврши телефонскиот разговор, веќе сте подготвени да отидете кај и да се за да бидете со нив. Да зборувате доколку им е потребно некој да им каже дека сѐ ќе биде во ред, да слушате ако ги мачи нешто. Да плачете со нив, да им ветите дека болката не трае вечно, дека доаѓаат подобри денови.

Без оглед на тоа дали е доцна ноќе, рано наутро или во друг дел од денот. Секогаш.

И, навистина доаѓаат подобри денови. Доаѓа викенд, доаѓа време кога се планираат кафани, забави, пиење, дружења. Тие веќе не се толку тажни. Тие веруваат во себе. Телефонот е тивок. Нема повици, нема очајни пораки. Нема тага. Можеби само тага во твоето срце. Не размислуваат за тебе во овие денови. Не сакаат да помислат на личноста која секогаш има добри совети, која е секогаш тука за нив и која ја сметаат за толку мудра и паметна.

Ова е за сите пријатели кои се тука само кога им требаш.

За сите пријатели кои постојано бркаат нови лица, подобри личности и поинтересни забави.

Ова е за сите пријатели кои земаат сѐ што ќе им дадеш, додека веќе не им е потребно. Ова е за луѓето на кои ќе им помогнеш да прогледаат, за да потоа видат сѐ освен тебе.

За сите обиди да ги спасиш и кренеш кога им е најпотребно. За сите игнорирани повици, сите невозвратени пораки. Сите нивни изговори дека тие се едноставни такви.

За сите оние луѓе за кои сме тука секогаш. Без оглед на тоа дали е доцна ноќе, рано наутро или во друг дел од денот. Секогаш.

Јас сум пријателот кој е добар, кој е најдобар и за кој секогаш имаат добри зборови и пофалби. Сѐ додека не им дојде некој подобар. Сѐ додека не дојдат подобри денови.