На големата сцена на Македонски народен театар по повод Светскиот ден на театарот, 27 март (во 21 часот), ќе се игра претставата “Силјан штркот шанца” од авторот Дејан Дуковски, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ.
Сите љубители на театарот кои сакаат да го одбележат овој светски ден во МНТ, ќе имаат можност оваа изведба да ја гледаат бесплатно, а билетите треба да ги подигнат еден час пред почетокот на претставата.
Претходно ќе бидат прочитани македонската порака, која оваа година ја напиша актерот Сашко Коцев, и четирите светки пораки на Сајмон МекБарни – театарски и филмски режисер од Велика Британија, Маја Збиб – театарска режисерка, изведувач, писателка, коосновач на театарската куќа “Зукак” од Либан, Рам Гопал Баџаџ – театарски режисер, театарски и филмски актер, академик, поранешен директор на Националната драмска школа, Делхи – Индија и ВереВере Лајкинг Гнепо – мултидисциплинарен уметник од Брегот на Слоновата Коска од Африка.