Времето денеска студено, но суво, од утре следи влажен бран

УХРМ за денеска најавува стабилно и суво време, со пониски утрински температури. 

Наутро студено, а преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Максималната температура ќе достигне од 2 до 9 степени.

Во Скопје сончево и претпладне студено со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 7 степени. 

Влажен и студен бран со врнежи од снег ќе се прошири од запад во четврток во вечерните часови и во текот на ноќта. Заради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Во петок преку денот врнежите ќе завршуваат. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми. Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во долниот дел на Повардарието.

Од сабота следува период на многу студено време, соопшти УХМР.