Временска прогноза за наредните денови

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, наместа ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Дневната температура ќе се движи од 29 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала доумерена локална облачност со слаб ветер од променлив правец и максимална дневна температура од 35 степени. 

До недела ќе преовладува стабилно и суво време, но локално не е исклучена појавана краткотраен дожд и ретки грмежи.

Од понеделник на повеќе места се очекува да биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.