Временска прогноза до крајот на неделата

Влијанието на циклонот Марко како што претходно најавивме ќе се задржи и следните денови, но со тоа что очекуваме значително затоплување на времето, анализира Славчо Поповски.

Под влијание на јужно воздушно струење, од петок па за време на викендот ќе имаме позначително затоплување на времето кое ќе услови и значително топење на снежната покривка, како на пониските па така и на повисоките места и на планините.

Ќе продолжи периодот на променливо време, до четврток ќе биде постудено па така на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег додека на ниските места од дожд, повремено услови за врнежи од дожд и снег или пак влажен снег ќе има и на некои од пониските места особено на запад и на север од државава.

До четврток максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени додека наутро понекаде истите ќе се спуштаат под нулата.

Веќе за време на викендот ќе дува јужен ветер кој ќе услови ГОЛЕМО затоплување на времето и максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

Поради топењето на снежната покривка се очекува зголемувања на нивоата на реките и на езерата во државава, не се исклучува можноста и за излевање на некој од реките во државава.

Да напоменеме дека во следните денови локално повторно ќе наврне позначително количество на воден талог, и тоа над 30 л/м2 што значи периодот со чести врнежи и понатаму продолжува.