Временска прогноза

Денеска ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат попладне во источните делови, каде локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Минималните температури ќе бидат од 13 до 20, а максималните од  24 до 33 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 18 до 29 степени.

Во недела ќе се задржи променливо облачно и малку посвежо време но условите за нестабилност ќе бидат помали, така што ќе има повремен пороен дожд и ретки грмежи. Потоа во првите два дена од следната недела времето ќе биде претежно стабилно и топло.