Времен сообраќаен режим во Аеродром поради изградба на фекален канал

ЦУКС известува дека од утре /24.05.2019 година (петок)/ ќе отпочнат активности за подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадни води на булевар АСНОМ во Општина Аеродром, па на овој потег ќе биде воведен и времен сообраќаен режим. 

Поради изградбата на фекалниот канал на десниот брег од реката Вардар, сообраќајот ќе се одвива според времено решение на дел од булевар АСНОМ, од крстосницата со булевар Февруарски Поход до крстосницата со булевар Србија.
Проектот ќе го реализира Подружница на странско трговско друштво „Гуинтоли Франција“, а се очекува да биде завршен за триесеттина денови.

ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, воедно почитувајќи ја поставената сообраќајна сигнализација.